Thursday, December 28, 2006

Јас

Доволно сум млака за да ме посакаш
мека и лесно топлива маса,
не будам исполнетост,
а сигурно не и заситеност.

Јас не кријам тајни,
а и не ни ги имам,
можам да ги допрам твоите сетила,
и ништо повеќе.

Сонувам за апсорбција,
особено на природни сокови,
и имам за цел да не се родам повеќе.
Истуткана и помалку исцедена
патувам кон нејасни совршенства.


Јас сум само залак од твојот утрински појадок.